1 коментар 1 мин. читање 3 октомври, 2011

Тужба од Timelines.com го одложи стартувањето на новите Facebook профили

Timelines Inc, стартап од Чикаго, го тужи Facebook поради новите кориснички профили, наречени Timeline, велејќи дека оваа нова опција би можела да го елиминира нивниот веб сајт Timelines.com, кој им овозможува на корисниците да закачуваат лични или историски настани, и да додаваат описи, врски, фотографии и видеа поврзани со тие настани.

Судот му нареди на Facebook да го одложи стартувањето на новите кориснички профили, кои до сега требаше да бидат достапни за сите Facebook корисници. Судот од друга страна пак го одби барањето на Timeline.Inc да се забрани и активирањето на девелоперските профили, кои до сега ги имаат активирано околу 1,1 милион корисници, меѓутоа побара од Facebook да испраќа дневни извештаи за тоа колку девелопери ги активираат новите профили.

Новите профили нема да бидат активирани минимум до четврток кога треба да се сретнат претставници од Facebook и Timelines Inc. за да претстават подетални аргументи пред федерален судија за тоа дали треба да се забрани нивното лансирање или не.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Влатко
Влатко
14 years ago

Мршојади…

Мени
Заедница
Изглед
To top