0 коментари 2 мин. читање 3 октомври, 2011

iPhone 5 всушност ќе биде подобрена верзија на iPhone 4?

Apple на 4 октомври треба да го открие новиот iPhone 5, но наместо тоа сè погласни се шпекулацијата дека ќе претстави само нов подобрен iPhone 4S. Во конфигурацискиот документ во најновата бета на iTunes, деветта по ред, откриена е информација за нов iPhone наречен iPhone 4S. Според ова може да се заклучи дека Apple планира да го надгради веќе постоечкиот iPhone 4, наместо да претстави редизајниран нов iPhone.

Оваа шпекулација е резултат на документот Info.plist кој може да се најде во последната бета од iTunes 10.5 што беше пуштена во петокот. Според AppleInsider, во овој документ стои модел наречен iPhone 4S чиј дизајн според описот e идентичен на веќе постоечкиот iPhone 4. Оттука се претпоставува дека новиот iPhone ќе ги содржи најавените хардверски подобрувања, но ќе го задржи дизајнот на iPhone 4. Исто така се очекува дека овој подобрен модел ќе може да се користи и на CDMA и на GMS мрежи.

Потегот на Apple да објави само подобрена верзија на iPhone 4 е логичен со оглед на тоа што овој модел продолжува со одличната продажба и е најверојатно до сега финансиски најдобриот производ на Apple. Сепак останува уште еден ден да видиме дали Apple ќе открие нов iPhone или ќе ја претстави новата подобрена верзија на iPhone 4.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Рајовски

Јас сум програмер и администратор на форум. Кога не сум зафатен со решавање кодови или смирување форумски драми, обожавам да играм пинг-понг (барем мислам дека знам). Голем фан сум на тетоважи и опседнат со руската култура. Технолошки фанатик по ден, фотографски ентузијаст по ноќ – со други зборови, секогаш на лов по нова генијална идеја или совршена фотка!

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}