Се сеќавате на Туторијали.мк? Едукативниот сајт беше стартуван пред една година, но како и својот претходник Tutoriali.com.mk, по некое време беше изгасен, но не и забаравен. За среќа на сите кои сакаат да научат нешто повеќе за Photoshop, програмирање, оверклокување на графичка картичка и куп други интересни совети, Tutorijali.mk оживува повторно како дел од Pretpriemac.mk.
Целата архива со туторијали сега ќе биде објавена на http://tutorijali.pretpriemac.mk. Овојпат архивата на ИТ туторијали ќе биде надополнета со содржина на Pretpriemac кои објавуваат интересни бизнис туторијали и совети за како да се напише мотивациско писмо или да се направи добар бизнис-план. Двата сајтови имаат над 150 туторијали кои се комплементарни меѓу себе, и можат да им користат на сите млади ентузијасти кои сакаат да стартуваат свој ИТ сервис, но и да направат свој бизнис од тој стартап.
Како и преходно, секој корисник може да закачи свој туторијал без потреба да се регистриран, а најавено е дека ќе има и форум каде ќе може да се дискутира за разните теми.







