0 коментари 2 мин. читање 19 декември, 2012

Instagram: Немаме право да ги продаваме вашите фотографии

Ви благодариме, ве слушаме, им се обрати Instagram на своите 100 милиони корисници кои збеснаа откако апликацијата за споделување на фотогорафии направи промени во Условите за користење. Но, Instagram негираше дека сака да споделува кориснички податоци со Facebook и да продава нивни дела на трети страни, иако во новите услови ќе прочитате дека „бизниси или други страни можат да ни платат да го прикажат вашето име, фотографии или активности, во платени или спонзоирани содржини и промоции, без да ви платат на вас“. Напротив.

„Не е наша намера да продаваме ваши фотографии“, вели директорот на Instagram, Кевин Систром, објаснувајќи дека корисниците лошо го протолкувале текстот. Г. Систром призна дека грешката со лошо напишаните услови за користење е нивна, и ќе се обидат да ја поправат најбрзо што можат пред 16 јануари кога новите правила ќе стапат на сила.

Во блог постот се вели дека „сакаме иднина каде корисниците и брендовите можат да ги промовираат своите фотографии и профили за да ја зголемат интеракцијата“. Пример, објаснувa г. Систром, ако бизнис сака да промовира свој профил да добие повеќе корисници тогаш Instagram ќе може да ги промовира на некој начин линкајќи до кориснички дела, но без нивно модифицирање или одземање на авторство.

На крај на постот беше потенцирано дека корисниците се сопственици на својата содржина, а Instagram нема никакви права врз споделените фотографии. „Точка“.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top