0 коментари 1 мин. читање

После музичкиот стартап, Dropbox го купи и Snapjoy за да ги подобри фотографиите

Во текот на минатата недела Dropbox го купи музичкиот стартап Audiogalaxy, со кои намери и по која цена – сè уште не е познато, но вчера падна уште еден договор. Dropbox го купи Snapjoy – сервис кој ви овозможува да ги хостирате и категоризирате вашите фотографии. Од денес, регистрациите на Snapjoy се затворени, но од тимот најавуваат дека повеќе информации ќе бидат достапни во текот на следните недели и дека фотографиите на корисниците се на безбедно место.

„Што ќе биде следно? Прво и основно, негрижете се – вашите фотографии се безбедни! Иако во следниот период нема да прифаќаме нови зачленувања, постоечките корисници ќе може да продолжат да го користат Snapjoy и да ги споделуваат своите фотографии.“

Најверојатно и најочекувано е целиот овој сервис да биде вграден во Dropbox, а корисниците да добијат можност да ги преземат своите фотографии на хард-дискот или директно да ги префрлат на својата Dropbox сметка. Што конкретно ќе се случи и кои се плановите на Dropbox со купувањето на овој нов сервис, сигурно ќе дознаеме на почетокот од следната година.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top