„Tumblr“ ќе стане попопуларен од „блог“ во пребарувањето на Google

Статистиката на Google oткрива дека наскоро, најверојатно околу октомври 2012-та година, терминот „Тumblr”, името на популарната платформа за блогирање, наскоро ќе стане попопуларен термин во пребарувањето на Google од терминот „блог“, иако во суштина Tumblr е блог. Сево ова значи дека доколку имате бизнис или компанија тогаш подобро е да имате Tumblr блог за полесно да ве најдат.

Оваа њујоршка платформа за блогирање од неодамна забележа 20 милијарди постови од 52 милиони блогови, што е двојно зголемен раст во период од само шест месеци. Но, и покрај неверојатната популарност и зголемен раст, основачот на платформата, Дејвид Карп вели дека сè уште не планира да монетизира од користење на Adwords реклами на блоговите.

„Тука има добра шанса, и ние треба да истражиме да видиме како може полесно да им овозможиме на партнерите да учествуваат на нашата мрежа.“, вели Карп во интервју на AdAge.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments