Аpple и Valve соработуваат на нова конзола?

во Хардвер

Повторно се разгореа шпекулациите дека Valve работат на нова конзола, откако беше забележано дека Valve бараат инженер електроничар. Шпекулациите станаа погласни откако во канцелариите на Valve беше забележан директорот на Apple, Тим Кук.

Иако Apple и Valve одбииваат да изнесат детали за средбата, некакво објаснување дава Cult of Mac, портал кој е целосно посветен на Apple производите, кој пишува дека Аpple е заинтересиран за дистрибутивната мрежа Steam која има 30 милиони активни корисници. Cult of Mac шпекулира и околу потребите на Apple за дистрибутивната мрежа Steam, дека тоа би бил новиот Apple ТВ сет, кој можеби ќе доаѓа со конзола која би подржувала контролер сличен на Kinect на Microsoft.

Сепак шпекулациите за заедничка конзола не се единствени, започнати од програмерот на Valve, Мајкл Абраш, кој објави дека работи на компјутер кој можете да го „облечете“. Тој го објаснува овој компјутер вака:

„Со комјутер кој го носите подразбирам преносен уред со кој генерираната графика и светот ќе се преклопуваат, без дисплеј кој го држите во раце (со визуелизација слична како „терминатор“). Тоа е продолжување на трендот од десктоп, лаптоп, таблет компјутерите кој дозволува достапност на компјутерите на поголем број места, а со тоа и подолго време. Логичен завршеток на оваа низа е достапност на комјутерите било кога и на било кое место, не се сомневам дека за 20 години ова ќе биде стандард на компјутерите, најверојатно со користење на очила или леќи, но не ја исклучувам можноста за директна врска со мозокот. Убеден сум дека ова ќе се случи побргу, скоро сигурно во следните 10, а најверојатно во следните 3-5 години.“

Иако најголемиот дел од веста објавена на Cult of Mac е непотврдена, а нема никакви докази и за очилата со проширена реалност, сепак се чини дека двата гиганти се во преговори, дали за производство на нова конзола, одговор на „google очилата“ или нешто сосема друго за што ќе мора да почекаме за официјално соопштение.

Ова нема да биде прва соработка помеѓу Valve и Apple кои соработуваа на апликација која ги поврзува корисниците на Steam со нивните пријатели, но Steam е и дистрибутер на софтвер за Mac. Исто така, доколку станува збор за конзола нема да биде прва на која работеле од Apple, иако претходната Bandai-Pippin се продаде во 50.000 примероци пред Bandai да го >повлече од употреба.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments