Со оглед на тоа дека стартапите не располагаат со голема сума на пари, местото и трошоците кои се потребни за водење на еден стартап проект играат и тоа каква улога. Луѓето позади Staff.com направија инфографик за тоа колку би ве чинело да изградете стартап од 2 веб развивачи и 1 дизајнер во Цирих, Сиднеј, Њу Јорк, Сан Франциско, Лондон, Париз, Мумбај и Манила. Разликите помеѓу првиот и последниот се скоро 270.000 долари. Наспроти нив, се градови како Скопје и Софија за кои друг инфографик тврди дека се одлични евтини места за стартување на нова компанија.
Цените според кои се пресметани трошоците се на годишно ниво и во неа се вклучени очекуваните плати за развивачите и дизајнерите, како и цената за просторот. Според информациите на Staff.com, развивачите во Цирих би требало да бидат платени 99.120 долари/годишно, додека еден дизајнер би заработувал 80.400 долари. Разликата во цените за развивачите помеѓу тие во Сан Франциско и Цирих е нешто околу 20.000 долари, цената на дизајнерите е скоро иста, додека разликата во цената за просторот е за околу 15.000 долари.
Како најефтини варијанти се јавуваат главниот град на Индија и Филипините, Мумбаи (Бомбај) и Манила со годишни трошоци од скоро 72.000 долари, односно 45.500 долари. Во инфографикот подолу можете да ги видете цените за останатите градови.
