Google го промени алгоритмот за пребарување; го претстави Hummingbird

во Веб

По повод 15 годишниот роденден, Google синоќа го објави новиот алгоритам за пребарување кој го носи името Hummingbird. Новиот алгоритам влијае врз 90 отсто од пребарувањата, нуди подиректни одговори на корисничките прашања, а во функција е околу еден месец. Hummingbird е најголемата промена која Google ја има направено после воведувањето на алгоритамот Caffeine во 2010 година.

Главниот фокус на новиот алгоритам е да му овозможи на Google побрзо да ги парсира комплексните прашања, за разлика од парсирањето збор-по-збор, и да го идентификува и рангира резултатот според содржината што ја има индексирано. На голем број на прашањата кои беа поврзани со работата на новиот алгоритам, Google избегнува да одговорат за техничките детали.

Исто така, Google го претстави и поднапредното гласовно пребарување преку кое на пребарувачот ќе можете да му наредувате со зборување, директно преку вашиот компјутер, таблет или мобилен телефон. „Гласот ќе биде главен за градење на понатамошното комуницирање со уредите што ги користиме”, вели Амит Сигхал, сениор VP во Google. Google ќе можеме да го прашаме да ни спореди два работи, генерира одредени информации и резултатот да го добиеме гласовно.

Дополнително, на настанот во Менло Парк, од Google претставија нова верзија на iOS апликацијата за пребарување. Новата апликација би требало да им овозможи на корисниците да имаат подобар преглед врз својот календар и настани директно на својот почетен екран, а потсетниците ќе може да се префрлаат помеѓу Android и iOS уредите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk