Форматот ISO најмногу се сретнува при преземање оперативни системи од интернет. Поголемиот дел од корисниците, го преземаат .iso фајлот го користат за инсталација на системот и не мислат двапати за фајловите кои се наоѓаат во него. Но, доколку сакате да видите што се крие внатре, како и да направите одредени промени, тогаш потребна ви е алатка како ISO Workshop.
ISO Workshop 10 e најнова верзија на една одамна докажана алатка со која може да прегледувате и извлекувате фајлови кои се спакувани во ISO. Паралелно со ова, можете да конвертирате од еден формат на iso сликата, во друг, пример од IMG во ISO. Доколку имате потреба, можете да направите и ISO слика од ваши содржини.

По покренување на десетата верзија, повеќе од очигледен е целосно новиот изглед, како и функционалноста која сега е 64-bit. Голем број функции се подобрени, неисклучувајќи ги функциите како DVD-RW и BD-RE erase функцијата, како и поддршката за M-Disk и 128GB Blue-ray XL.







