0 коментари 1 мин. читање

Откријте ги утрешните стартапи денеска со BetaList

BetaList е веб сајт кој го препорачуваме на сите љубители на најновата технологија. Сајтот се рекламира како платформа која ги прикажува утрешните стартапи, денеска. Имено, дали знаевте дека ултра популарните алатки како IFTТT или Pinterest првин се имаат појавено на овој сајт. Слични, нови и уникатни стартапи го здогледуваат нивното прво светло токму на BetaList. Секојдневно можете да пронајдете неколку нови бети и да целосно да се информирате околу нивната функционалност.

BetaList се одликува со уникатен интерфејс каде лесно откривате најразлични експерименти. За она што највеќе ќе ве импресионира можете да оставате коментари и споделувате мислење преку Twitter.

Нашата денешна посета, нѝ откри алатка за конвертирање вебсајтови во Android и iOS апликации (AppConvertly). Love Alert пак се покажа како интересна апликација која секојдневно праќа мотивациони пораки преку push нотификации и ги охрабрува луѓето да се позитивни. Од друга страна, Ticke нѝ остави впечаток на мал и евтин компјутер со оперативен систем кој е замислен да го учи корисникот компјутерско програмирање.

За жал, не е сè во отворен круг и за некои стартапи морате да добиете одобрување од самите девелопери.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top