Bithell Games, студиото познато по наслови како Thomas Was Alone и визуелниот роман TRON: Identity, зачекори на нова територија со TRON: Catalyst. Сместена во иконскиот дигитален универзум на Disney, играта ве враќа во арк мрежата, комплексно дигитално општество првпат претставено во TRON: Identity. Catalyst служи не само како продолжение туку и како раздлабочување на светот на TRON, давајќи нешто интересно и на долгогодишните ентузијасти и на новите играчи кои ќе решат да навлезат во нејзината сложена култура и политика.

Играта излезе на 17 јуни за PC, Nintendo Switch, PlayStation 5 и Xbox Series X/S!
Грешка во системот
Приказната на TRON: Catalyst се фокусира на Ексо, програм-курир чие постоење е неповратно променето кога мистериозен пакет експлодира, давајќи му способности кои пркосат на основните закони на неговиот свет. Овој настан го поставува Ексо како отпорен и снаодлив програм, способен да ја искористи аномалијата позната како глич. Додека Ексо е немилосрдно прогонуван од Кон, злонамерен програм со мрачна агенда, почнува да се разоткрива природата на гличевите и дупките кои, доколку се искористат ќе биде загрозена стабилноста на целата арк мрежа.

Горе-споменатиот глич се манифестира како системска нестабилност што предизвикува временски јамки, заробувајќи го светот во циклуси што се повторуваат. Ексо, меѓутоа, е способен да ги согледа и искористи овие временски нарушувања. Оваа моќ му овозможува да открива тајни патеки, да користи кратенки и да влијае на различните фракции кои се борат за контрола на мрежата. Иако програмерите го замислиле гличот како божји режим што ви дава контрола над времето, практична примена, односно механиките можат да се чувствуваат поограничени отколку во други игри со временски јамки, при што одредени наративни недоследности, како што се клучни предмети кои не опстојуваат низ јамките, повремено го поткопуваат чувството на вашата моќ.
Гличот има функција и да служи како длабок наративен уред, истражувајќи ги филозофските основи на универзумот TRON. Тој делува како метафора за вродените недостатоци во навидум совршената дигитална конструкција, поттикнувајќи ве да размислувате за еволуцијата на општество со вештачка интелигенција оставено само на себе со милениуми и бројните перцепции кои се создаваат за човечките креатори.

Еден од позабавните аспекти се битките. TRON: Catalyst воведува динамичен борбен систем кој ги спојува нападите одблиску и од далечина, овозможувајќи борба со или без препознатливиот светлосен циклус. Па така, можете да ги совладате напредните техники како парирање и рикошетирање на идентитетскиот диск за да стекнете одредена предност на бојното поле. Меѓутоа, има моменти, особено во вториот дел од играњето каде борбата, иако функционална, знае да биде премногу едноставна, а, со самото тоа, и плитка и повторлива.
Дополнителни иритации се јавуваат и при недоследно време за парирање и неможност да се откажат комбинации на напади, што ги ограничува вашите прилагодливи стратегии. Една работа која ја „размрдува“ монотијата е системот поврзан со собирање податоци кои потоа се користи за надградба на кодот на Ексо со нови способности, додавајќи добредојден слој на прогресија. Дефинитивно би ги истакнале и светлосните циклуси кои нудат возбудлив метод за навигација низ мрежата, овозможувајќи ви да поставувате светлосни ѕидови и да ги прегазувате непријателите.

Неонски свет
Онаму каде што TRON: Catalyst постојано се истакнува и фали е во нејзината неверојатно верна рекреација на естетиката на светот на TRON. Играта мајсторски ги доловува неонските градски пејзажи и елегантниот дизајнерски јазик на франшизата, потопувајќи ги играчите во визуелно карактеристичната арк мрежа. Овој свет, првпат виден во TRON: Identity, е реализиран со импресивни детали, создавајќи кохерентна и волшебна дигитална средина.
Искуството е силно засилено со исклучителна звучна подлога од композиторот Ден Ле Сак, кој исто така работеше на TRON: Identity. Музиката оддава почит на легендарните звучни пејзажи дефинирани од Венди Карлос и Daft Punk, истовремено создавајќи уникатен звучен идентитет за арк мрежата. Ле Сак ја спојува електронската и оркестарската фузија на неговите претходници со нови елементи за да ја одрази еволуцијата на мрежата. Резултатот е динамично аудио искуство кое реагира на вашите дејства и ги дефинира различните биоми на светот, зацврстувајќи го уникатното место на арк мрежата.

RON: Catalyst се истакнува и цврсто стои како храбар и уметнички успешен потфат на Bithell Games. Тимот веродостојно ја користат нивната експертиза во жанрот на акциони авантури, докажувајќи дека лиценцираните игри можат да понудат значајни приказни и фантастично градење на светот. Иако некои сметаат дека играта е спречена да го достигне целосниот потенцијал поради механички ограничувања, за многумина таа останува клучно и фасцинантно проширување на TRON универзумот, поставувајќи ветувачка сцена за иднината на франшизата во гејминг индустријата.




Повеќе детали за играта
- Произведува: Bithell Games
- Издава: Big Fan Games, Devolver Digital
- Жанр: Акциона авантура
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезена на: 17 јуни 2024







