0 коментари 2 мин. читање 16 септември, 2009

Тркелезна маса за јавните точки за интернет пристап

{mosimage}Во рамките на Проектот за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија вчера се одржа тркалезна маса на темата "Улогата на јавните точки за пристап на интернет во развојот на локалната демократија". Целта на настанот, кој се одвиваше во просториите на Стопанската комора во Скопје од 11:00 до 14:00 часот, според организаторот, фондацијата Метаморфозис, беше "да се претстават искуства и разменат ставови за улогата на јавните точки за пристап на интернет за поттикнување на активното граѓанско учество, промовирање отворено и транспарентно владеење како и за развојот на демократијата воопшто."

{mosimage}

На тркалезната маса беа одржани повеќе презентации и споделени искуства со цел подобрување на ефективноста на јавните точки за интернет пристап. Со свои презентации излегоа фондацијата Метаморфозис, фондацијата Институт отворено општество – Македонија, организацијата Отворете ги прозорците, претставници на Министерството за информатичко општество, општина Велес, како и Центарот за дигитални технологии од регионот Долна Нормандија, Франција.

Настанот беше посетен од околу 25 претставници на владиниот, приватниот и невладиниот сектор.

{mosimage}



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top