Facebook остварува профит со 300 милиони корисници

во Веб

{mosimage}Facebook успеа за само 75 дена да привлече дополнителни 50 милиони активни корисници (670.000 корисници дневно!) и со тоа да стане друштвена мрежа која сега има вкупно над 300 милиони активни корисници ширум светот. Зукерберг исто така најави и дека компанијата конечно остварува и позитивни финансии.

"Од денеска, Facebook го користат 300 милиони луѓе низ светот. Ова е голем број, но според начинот на кој ние размислуваме, ова е само почеток кон остварување на нашата целта да ги поврземе сите." – изјави основачот на најпопуларната друштвена мрежа. Тој додаде и дека е среќен што може да соопшти дека компанијата конечно остварила позитивен прилив на пари во последниот квартал, со што ги покрена шпекулациите дека можеби наскоро треба да очекуваме пласман на Facebook Inc. на берзата.

{mosimage}

Брзиот пораст на Facebook се должи на големиот број нови сервиси и функционалности кои сајтот ги воведува скоро секоја недела во последните два месеци. Како за пример, можноста да ги тагирате вашите пријатели во статусите и Lite верзијата од сајтот, која е наменета за корисниците кои неможат да ги поднесат квизовите и апликациите и имаат спора интернет конекција.

Што се однесува до бројот на македонци на Facebook, тој исто така расте паралелно со вкупниот број на членови. Моментално, платформата за рекламирање на сајтот покажува дека има околу 375.000 (214.200 машки/161.080 женски) корисници од Македонија. Како за споредба, кога Facebook имаше 250 милиони корисници пред 2 ипол месеци, скоро 292 илјади македонци беа корисници на сајтот.

Еве и неколку други и понови статистики за Facebook:

  • 50% од активните корисници се логираат барем еднаш дневно
  • Просечниот корисник има 120 пријатели
  • Повеќе од 6 милијарди минути дневно се поминати на Facebook
  • Повеќе од 40 милиони членови ги менуваат своите статуси еднаш дневно
  • Повеќе од 10 милиони корисници дневно стануваат фанови на некоја Facebook страна
  • Повеќе од 2 милијарди слики се закачуваат месечно
  • Над 3 милиони настани се создаваат секој месец
  • Постојат 65 завршени преводи на сајтот
  • 70% од корисниците се надвор од САД
  • Facebook има платформа со над 350.000 активни апликации
  • Facebook Connect е имплементиран од над 15.000 сајтови и апликации
  • Има над 65 милиони активни корисници кои користат Facebook преку мобилни



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments