Трите најважни новини од Apple: 3D Touch, Apple Pencil и тастатура за iPad Pro

Apple на својот голем WWDC 2015 настан во среда претстави два нови телефони, iPad Pro, Apple TV конзола и неочекувано Apple Pencil – пенкало за таблет компјутерите за кое култниот директор Стив Џобс велеше дека е лош уред кој „никој не го сака и постојано се губи“. Но, пенкалото сега се чини како неопходно за навигација на големите екрани на iPhone и iPad.

iPhone вообичаено е во центарот на овие настани, но овојпат се чини дека можеби Apple требаше да остави повеќе простор за iPad Pro кој можеби е најголемата презентација овојпат. Огромниот таблет на Apple od 12,9 инчи е своевидна комбинација на таблет и тастатура и потсетува на Microsoft Surface кој беше претставен во 2012-та година. Најверојатно некој во Microsoft си го поставува прашањето дали Apple може да два пати да ги надмине со ист уред. Интересно овој стрип го предвиде iPad Pro уште во 2012-та година, одлично илустрирајќи ја перцепцијата која ја имаме за „иновативниот“ Apple. Можеби Apple само го прави тоа подобро.

A photo posted by The Next Web (@thenextweb) on

iPad Pro доаѓа со дисплеј кој е едвај помал од 13-инчи и супер квалитетен екран со резолуција од 2732х2048, со што не само што ја надминува конкуренцијата, туку и најдобрите производи на Apple. Таблет компјутерот доаѓа со А9х процесор и батерија која трае до 10 часа помеѓу полнењата. Овојпат „дополнителната опрема“ за iPad е подеднакво интересна, иако за жал прескапа и не доаѓа со таблетот. Apple Pencil е пенкало кое се употребува со iPad и би можело да биде незаменлива алатка за дизајнерите. Apple обезбеди и тастатура наменета за овој таблет, со што ако ништо друго барем ќе експериментира со концептот на Microsoft за Surface.

Тоа што можеби не е големо охрабрување е што хибридите на Microsoft не се продаваат премногу успешно, дел од фановите на Apple можеби и ќе го купат таблетот, но се чини дека нема гаранција за успех. Главна причина за ова се чини се поголемите телефони со кои корисниците започнаа да ги менуваат своите iPad таблет компјутери.

Новите iPhone 6s и iPhone 6s Plus доаѓаат со исти димензии на екрани, значително 6S Plus има 5,5 инчен екран како претходникот. Но, двата нови модели имаат надградба на хардверот, иако се чини дека корисниците треба најмногу да се радуваат на 3D Touch технологијата. Се работи за нови екрани кои се поосетливи на допир, односно можат да се селектираат команди зависно од колку силно или често го притиската екранот. Оваа опција е отворени за девелоперите да ја користат во своите апликации што би требало да донесе нови иновативни апликации. Ова може да биде „game changing“.

Што се однесува до другите перформанси, тие се повеќе или помалку исти со тоа што хардверот се разбира е надграден. Новите телефони доаѓаат со А9-процесори, а забележителна е и надградбата на камерата од 1.5 на 5МР на предната и од 8 на 12МР на задната. Новата камера може да снима во 4К резолуција. Цените на телефоните се исти како и верзиите кои ги менуваат, а и двете варијанти на 6s доаѓаат си 16, 32 и модел со 128 GB слободен простор.

Нема нов часовник за оваа презентација, но Apple потврди дека Watch OS2 доаѓа на 16 септември. Со новата верзија ќе доаѓа и интеграција на дел од најпопуларните апликации. Иако нема нова верзија на часовникот, има неколку нови бои и соработката со Hermes ќе обезбеди нови лик и ремче на часовникот, кои го прават да изгледа барем малку поубаво.

Иако Apple TV не е услуга што е достапна во Македонија, сепак новата верзија е важна вест бидејќи доаѓа со важни новости Прво, Apple TV ќе го користи гласот на Siri, а заедно со далечинскиот управувач телевизијата сега е и конзола. Далечинското е надградено со жироскоп кој овозможува да се користи и како контролер за играње. Видеоигрите доаѓаат влагодарение на новиот оперативен систем tvOS кој овозможува креирање на апликациите за големи екрани. Дел од апликациите кои се достапни се Airbnb, Netflix, HBO и Hulu. Развивачите веќе можат да започнат да работат на tvOS апликации, а новиот Apple TV ќе биде достапен од октомври.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments