Локацијата е подобра алатка за маркетинг од хаштагот, вели Ground Signal

Avatar img-thumbnail img-circle

во Друштвени мрежи

Локациите се новот хаштаг, или така барем вели новиот локацискиот сервис Ground Signal. Стартапот излезе во јавност пред околу шест месеци, откако работе тајно на сервисот цели две години, под водство на познатиот инвеститор Марк Кубан. До сега најголем клиент им е Coca-Cola.

Сервисот овозможува да се таргетираат корисници на друштвени мрежи според одберена локација. Главната причина поради која веруваат во успех е што пораките и содржините кои ги споделуваат корисниците најчестои се без дополнителен показател, пример без хаш-таг, кој би можел да има даде контекст. Тоа што го овозможува стартапот е виртуелно цртање и прецизирање на локацијата, а потоа едноставно следење на друштвените мрежи за се што се случува во нивна близина.

„За секој 100 постови кои ги споделуваат корисниците на социјалните мрежи од хотелите на Marriott во Бостон, 90 се без името на хотелот во нив. Постои недостаток на содржините креирани на локациите кои брендовите не можат да ги откријат“, вели Ентони Лонго, директор на компанијата за Bizjournal.

(Tnx до Петар Ниноски, основачот на WeLrn, за линкот до Ground Signal)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk