Хак од 60 долари може да ги стопира во место автономните автомобили

Raspberry Pi и ласерче кое е достапно за сите, идентично со оне за привезоци за клучеви, се доволни за автономните роботски-автомобили да се збунат, јави Spectrum IEEE. „Ласерскиот систем кои чини илјадници долари, Lidar, а од кој зависат речиси сите автономни возила може да биде хакнат со помош на опрема која чини 60 долари, вели Џонатан Петит, научник од Security Innovation.

Уредот кој го креираше г. Пети може да креира сигнали од лажни возила кои Lidar го процесира како реални и возилото застанува пред да ги удри, иако нема oбјект пред возилото. Дополнително уредот може да креира премногу сигнали, возилото нема да може да ги процесира и никогаш нема да почне да се движи. „Станува збор за ласерски покажувач. Нападите можете едноставно да ги правите со помош на Raspberry Pi или Arduino“, вели г. Пети.

Во тестирањата експертите успеле да креираат лажни сигнали од возило и од пешак, на растојание од 20 до 350 метри од автомобилот, но уредот би можел и да креира илјадници објекти, со тоа креирајќи своевиден DDoS за сензорот. Дел од сензорите кои оперираат со радари се безбедни, бидејќи за фреквенциите е потребна дозвола (иако тешко е да се верува дека ова би ги спречило злонамерниците), но за системот кој се користи за непосредна близина и ја креира 3Д мапата на околината се користи ласер со кој се креира 3Д слика. Единствен проблем со кој може да се соочи хакерот е синхронизација на сигналите од неговиот уред со оние од Lidar, но г. Пети успеа да го надмине овој проблем.

Офицјалното претставување на хакот, ќе биде на Black Hat Europe конференцијата за сајбер безбедност, која ќе се одржи во ноември.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments