0 коментари 2 мин. читање 15 јуни, 2015

Tриесетгодишен Amiga ги одржува климите во јавно училиште во САД

Колку пати сте ја слушнале фразата: Порано ги правеа работите да траат? Тоа е точно. Amiga од 1980-та година е доказ дека дел од уредите кои се направени поодамна се поиздржливи од технологијата која ја користиме денес. Компјутерот веќе 30-години се користи за регулација на температурата и воздухот во училиште во Гранд Рапидс, САД, јави Geek.

Со помош на 1200-битен модем и бежичен радио сигнал компјутерот веќе десетици години ја регулира температурата во 19 објекти. Amiga-та ги вклучува и исклучува котлите, ги активира вентилаторите, компресорите за воздух, во секоја од 19-те згради. Со оглед на тоа дека во последните 30 години има доста промени, радиото сега функционира на иста фреквенција со радиото кое го користи службата за одржување, што некогаш предизвикува проблем, па во ваков случај се 15-20 минути прекинува комуникацијата.

Новиот систем за климатизиација и греење ќе чини помеѓу 1,5 и 2 милиони долари, а една од причините за замена на стариот е што станува исклучително тешко да бидат пронајдени делови кои треба да бидат заменети. Досега на компјутерот се направени неколку помали поправки, замена на мониторот, тастатурата и глувчето.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top