Google и официјално објави дека сервисот за стрим на видеоигри YouTube Gaming доаѓа ова лето. Сервисот ќе биде одделен од YouTube и ќе биде директна конкуренција на популарниот Twitch TV, кој oд неодамна е во сопственост на Amazon.
Интересот за стриминг на игри на YouTube не е нов. Откако Google не успеа да го купи Twitch за 900 милиони долари, ги започна подготовките за поквалитетен стрим. Така неодамна YouTube овозможи стрим од 1080р@60FPS, со што беше само прашање на време кога Google ќе го претстави својто гејминг сервис.
„YouTube Gaming е креиран да биде за омилените видеоигри и гејмерите, со повеќе видеа од било кое друго место. Од Asteroids до Zelda над 25.000 видеоигри че имаат сопствена страна, единствено место за сите најдобри видеа и стримови за насловот. Ќе може да пронајдете и канали на издавачи и YouTube креатори на содржини“.
Сепак, Twitch има огромна предност пред YouTube Gaming. Секој месец сервисот го посетуваат на 100 милиони гледачи, и никако не смее да се занемари и значењето на заедницата, што е предизвик за Google кој сега мора да ги убеди гејмерите и нивните фанови дека YouTube е подобар избор. Веќе добар дел од турнирите на најпопуларните игри се пренесуваат во живо на Twitch, што нема да му биде проблем на YouTube да го преземе преносот, знаејќи ја моќта и парите на Google. Сепак Google и YouTube не се без предност, бидејќи над 25.000 игри имаат сопствени канали на сервисот. Дополнително сервисот ќе биде одделен од YouTube за да не доаѓа до пронаоѓање на погрешна содржина.
. @YouTubeGaming Welcome Player 2. Add me on Google+. #kappa
— Twitch (@Twitch) June 12, 2015
Стримерите ќе можат да заработуваат од рекламите или од донации од гледачите, за почеток нема да постои специјална претплата за каналите. Парите од реклами ќе бидат поделени помеѓу стримерите и YouTube, а донациите ќе бидат целосно за стримерот. Сервисот ќе доаѓа по региони, а очекувањата се дека најпрво ќе биде достапен во САД и Велика Британија.








