Најверојатно никој не е радосен кога мора да оди и да извaди потврда за државјанство, извод од книга на родени или некој сличен документ, за кои како по правило граѓаните треба да чекаат во долги редови или да се докажуваат со службениците. Се чини дека наскоро жителите на Приштина нема да имаат ваков проблем. Главниот град на Косово прв во регионот претстави автомат со кој граѓаните за неколку минути можат да го добијат документот кој им е потребен, пишува Digjitale. Една од предностите е што автоматот може да се користи и надвор од работно време, па долгото чекање во ред би можело да биде минато.
Се што е потребно за вадење на документите е лична карта, која уредот ја скенира и за една минута уредот ќе го испечати потребниот документ. Покрај личната карта корисникот треба да уплати едно евро во апаратот, да си го земе документот и работата е завршена.
Приштина е прв град во регионот со ваков автомат, а се надеваме дека наскоро слични автомати ќе бидат достапни, пошироко во регионот. Косово е најмладата држава во Европа, но доколку продолжат со ваква поддршката за технологијата, нема причина наскоро да не бидат успешна приказна.
Si në asnjë vend tjetër të Ballkanit, në Komunën e Prishtinës çertifikatat tash e tutje do të nxirren në formë automatike, për më pak se 2 minuta.
Posted by Lëvizja VETËVENDOSJE! on Thursday, June 11, 2015







