Три совети за подобро YouTube искуство #2

Последниот пат кога се сретнавме вака, ве советувавме како да стримувате или преземате видео материјали како бос, а и како да им удрите клоца на иритирачките видео анотации и известувања. Вториот состанок го резервираме за други три, подеднакво интересни совети за подобро YouTube искуство.

Отпечатете ги вашите омилени видеа и преписи!

Преземање видео материјали како секој нормален човек е крајно демоде и доколку сакате да бидете тренди со моментните потреби, пробајте да ги конвертирате вашите видеа во thumbnail слики кои подоцна можете да ги отпечатите или сочувате. За да започнете, кликнете тука, и одвлечете го Print YouTube bookmarklet-от на вашата лента со омилени работи. Потоа, отворете кое било видео и кликнете на букмарклетот за да инстантно создадете сликовита приказна од содржините на видеото. Кога сме кај ова, дали знаевте дека можете да го отпечатите и преписот (transcript) од видеото? Ваквиот текст за работите кои се зборуваат од видеото можете да го извлечете така што ќе кликнете на копчето со трите точки под видеото и ќе изберете Open transcript за да се прикаже текстот на десната страна од плеерот. Од тука, се што треба да направите е да го селектирате саканиот текст, да го копирате и префрлите во некој документ.

Пребарувајте видеа според одредени зборови во нив!

Сте отвориле видео за да чуете одредена информација само за да забележите дека видеото е исклучително долго, а нити имате време да го гледате целото видео нити пак сакате рачно да го премотувате напред-назад надевајќи се дека ќе дојдете до саканата информација. Во таа ситуација, од особена помош е Chrome екстензијата Invideo for YouTube. Оваа алатка ви дозволува да листате низ видеата во зависност од одредени зборови, фрази или имиња кои се споменуваат. Едноставно кликнете на соодветното копче, откако ќе ја инсталирате екстензијата, и преку ново-отворениот панел напишете го саканиот термин. Кога ќе кликнете на одреден збор, видеото ќе скокне до тој дел и ќе ви дозволи од тука да продолжите со гледањето или да се навратите наназад за подобра концизност. Ова функционира под услов да има преписи во видеото.

Прескокнувајте иритирачки делови со зборување во музичките видеа!

Кога би добивале пари за секој пат кога сме наишле на видео во кое авторите чувствуваат неодолива потреба да зборуваат пред почеток на нивната песна, па, би биле исклучително богати. Ги знаете таквите видеа, оние кои имаат феноменална песна од три минути, но пет минути пред да почне се зборува низ што поминувале за да ја направат, а пет минути по нејзиното завршување се зборува за тоа колку се благодарни за пружената помош и поддршка. Нема ништо лошо во ова, но знае да го наруши вашето уживање во саканите мелодии. Поради тоа искористете ја екстензијата Skipper за да го прескокнете зборувањето и директно да се префрлите на делот каде почнува песната. Додатокот е во автоматски режим, но може да го деактивирате во ситуации кога сакате да слушате толстоевски образложувања за патувања од одисејски карактер. Skipper ви дава увид и во тоа колку секунди од зборување имате прескокнето, а е мајстор за елиминирање зборување не само во почеток на видеата, туку и во средина или крајот.

Тоа беше нашиот втор дел од совети за подобро YouTube искуство, а доколку сакате уште, дефинитивно останете со нас!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments