Дејвид Добрик и проблемите на YouTube ѕвездите

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Во 1993 година Nike забележа пад на продажбата на патики кај младите тинејџери. Компанијата тогаш излезе со една од најпрепознатливите спортски реклами досега. Пораката која во рекламата ја испраќа Чарлс Баркли е јас не сум пример за децата, нивните родители треба да бидат пример. Оваа порака е актуелна и денес, иако сега повеќе важи дека стримерите отколку за спортистите. Со таа разлика што Чарлс Баркли земаше плата за да доминира на теренот, а денешните YouTube ѕвезди имаат единствено одговорност да не забавуваат.

Дејвид Добрик е една од првите YouTube ѕвезди и за разлика од дел од луѓето кои се прославија на YouTube, г. Добрик и понатаму е сосем пристоен. Иако е еден од најбогатите креатори на содржина на YouTube неговиот изглед не го покажува тоа. Неодамна магазинот Rolling Stone помина неколку дена со него, а интервјуто може да прочитате на следниот линк.

Дејвид Добрик е роден во 1996 година во Кошице, Словачка. Неговото семејство се преселило во Вернон Хилс, Илиноис кога имал шест години. Веднаш по завршувањето на средното училиште се преселил во Лос Анџелес за да работи на својата Vine кариера. Vine во овој период беше супер популарна платформа за споделување на куси видеа, налик на TikTok денес. Содржината која ја креираше беа кратки шеги, неприкладни шеги (prank), видеа со животни, видеа на кои му гостуваат други Vine или YouTube ѕвезди. Сепак веројатно најпознати се видеата во кои им подарува најразлични работи на своите пријатели, но и на луѓе кои воопшто не ги познава.

За жал Vine не траеше долго, па г. Добрик ја промени платформата и се префрли на YouTube. Речиси веднаш стана дел од поинтересните креатори на содржини. Целата содржина ја креира со повеќе други влогери, кои се негови пријатели и се нарекуваат Vlog Squad. Содржината која ја креираат е речиси серија во која главна улога се пријателите на Добрик. Главните карактери се присутни во речиси секој видео поткаст, а доаѓаат и редовни гости. Дури и целата содржина која е снимена наликува на делови од серија, во која има доделени улоги кои ги играат пријателите. Веројатно најголем недостаток на содржината е што не можете точно да ја погодите границата колку некоја содржина е скриптирана, а колку е навистина се случува спонтано.

 Во 2018 година бројот на претплатници на неговиот канал за првпат надмина 10 милиони. Тој е еден од ретките влогери кои имаат „слободен пристап“ до Холивуд, па како водител или како гостин е дел од повеќе настани. YouTube и натаму е главната платформа на која креира содржина, но дел е и од првите 19 креатори на содржина во Creator Fund на TikTok, фонд кој „тежи“ 1 милијарда долари.

Дел од работите кои поретко се споменуваат, а можеби и ги подзаборавaме е дека фото-апликацијата Dispo која ја лансираше во 2019 беше на врвот на листите по бројот на преземања од App Store.

За жал не сите вести се добри. Проблемите започнаа со обвинувањата за еден член од влог тимот за сексуален напад. Ова веројатно беше само неумесна шега во која претераа, но Сет Франсоа (еден од членовите на тимот) го обвини за сексуален напад, откако со превез преку очите го измамија да бакне друг член на тимот.

Ако претходниот случај е шега која отиде предалеку, немаше ништо забавно во обвинувањето кое следеше. Жена која учествувала во снимањето на влог обвини еден од членовите на тимот за силување. Како последица YouTube му забрани монетаризирање на видеата, а спонзорите започнаа да се повлекуваат од содржината. Членот на тимот кој беше обвинет не го негираше настанот, но вели дека не станува збор за силување. Обвинетиот Дом Зеглатис во тој период веќе не беше дел од тимот на г. Добрик, кој сними неколку видеа во кои и се извинува на жртвата.

Пред неколку месеци во април проговори уште еден член на тимот. Џеф Витек го обвини дека претерува и ги загрозува безбедноста и животите на членовите за поголем број на гледачи. Г. Витек беше повреден на едно снимање со градежна машина. Добрик кој управуваше со булдожер на кој се нишаа членовите на тимот ненамерно го повреди. Витек снимањето го заврши со куп сериозни повреди, скинати лигаменти, скршеници на ногата, колкот и неколку фрактури на черепот. Како последица на ова тимот престана да снима до пред 2 недели.

Добра вест за сите љубители на г. Добрик и неговата содржина е дека на 16-ти јуни со ново видео најави дека ќе продолжи да снима. Уште една добра вест е дека по повредата на г. Витек ќе креира систем со кој ќе обезбеди учесниците во неговите видеа да бидат побезбедни. За ова се предвидени неколку мерки, најпрво сите учесници ќе треба да имаат потпишана согласност за учество во епизодите, но и дополнително ќе биде вработен човек на кој влогерите ќе можат да му се пожалат ако треба да направат нешто со што не се согласуваат.

Добрик и останатите членови на Vlog тимот сега ќе мора да пронајдат начин за сами да се регулираат и истовремено да останат безбедни и да креираат забавна содржина која ќе им донесе повеќе гледачи. Сепак ако одговорноста за членовите на тимот е негова, одговорноста за неговата популарност кај најмладите сепак е кај нивните родители, па насочување на гневот кон неговата содржина е неосновано.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk