Три причини зошто да го користите прелистувачот Opera

Споменете прелистувач и првата повратна информација што ќе ја добиете е или Chrome или Firefox. Прелистувачот Opera скоро никогаш не е на врвот на листата, а, кога ќе се земат во предвид најновите надградби, навистина не би требало да е така. Opera 60 – Reborn 3 е квалитетен прелистувач, а ова се трите примарни причини поради кои би требало да го користите.

Web 3 поддршка

Opera е првиот прелистувач кој ги отвора портите на таканаречената децентрализирана мрежа. Со поддршката за Web 3 можете да правите онлајн трансакции и да стапувате во интеракција со блокчејн засновани новитети. На располагање имате нов паричник за крипто валути кој е интегриран во самиот прелистувач. Со оглед на тоа што се заснова на целосна синхронизација со крипто паричникот на андроид верзијата на Opera, вашите клучеви не излегуваат од телефонот. Доколку сакате да се индентификувате на Web 3 сајт или да потпишете блокчејн трансакција, ќе добиете известување на вашиот телефон кое, потоа, треба да го одобрите.

Бесплатни VPN можности

Предностите на виртуелната приватна мрежа (Virtual Private Network) се исклучутелно важни во денешно време. Прелистувачот Opera ги обвиткува вашите прелистувачки навики во непробојни ѕидини кои ги штитат податоците од трети лица и ја кријат вашата географска локација. До пред некое време, услугата знаеше значително да го успори прелистувачкото искуство и процесот на вчитување на страните. Најновото надополнување значително ја оптимизира VPN употребата и допринесува до пофлуидно искуство.

Функционален интерфејс

Каква алатка и да користите, секогаш е подобро кога околината е средена, а секој елемент е на вистинското место. Најновата верзија на Opera се одликува со нов безграничен дизајн (borderless) и ги отстранува линиите кои ги разграничуваат одделите од интерфејсот. Отворените табови полесно се забележуваат, а на располагање имате две теми, односно светла и темна тема.

 

Најновата верзија на Opera крие уште неколку интересни новитети кои ќе ви помогнат при персонализација и зголемена функционалност на прелистувачот. Имено, можете да вметнете најразлични позадини, да активирате алатка за блокирање реклами, како и да сочувувате веб содржини за идно прелистување (преку My Flow).

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] навики. Тука и таму, ќе се најде помала група на Opera или Edge поклоници, како и Brave, The Classic Browser или можеби […]