0 коментари 1 мин. читање

Tри милијарди чекирања на Foursquare

Друштвената мрежа за споделување локација Foursquare надмина 3 милијарди „чекирања“.  The NextWeb забележува дека апликацијата  во последниве три месеци, дневно бележи по 6,2 милиони најави, а имаат и 25 милиони корисници низ целиот свет.


Прославата на 3 милијардитиот check-in освен со твит, Foursquare ја одбележи и со хуманитарна акција. Поточно за секој чек на парадата за Денот на благодарноста во Њујорк компанијата донира по два долари. Ова не е прв пат Foursquare да организира ваков настан откако претходно донирааа 35.000 долари средства за борба против СИДА.

До три милијардитото чекирање компанијата стигна по нешто по околу три години, откако најбрзиот раст го имаа во 2010 година кога достигнаа 381 милион чекирања. Стартапот постојано се надградува и подобрува, а апликацијата е достапна на iOS, Android, Symbian, BlackBerry, webOS, Windows Phonе, Badaпа дури и на  Playstation Vita.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top