Три бесплатни игри за невообичаена забава

Во случај да сакате да работите во застарената Windows 95 околина, да пишувате мејлови, пополнувате забелешки, да кликнувате на најразлични прозорци кои ненадејно се појавуваат и го бараат вашето внимание, тогаш следнава „игра“ преку прелистувач е само за вас!

It is as if you were doing work e проект кој е замислен да ја истакне намалената потреба за човечка работна сила преку комплетирање секојдневни администраторски обврски. Колку и да изгледа чудно, лесно ќе бидете вовлечени во ваквото секојдневие, особено кога ќе дојде моментот за играње една партија Breakout или пак кога ќе сакате да ја смените desktop заднината и да се релаксирате со музика. И покрај се, што е работа без малку забава?

Mystery World Dizzy е уште една игра која беше пронајдена од близнаците Филип и Андру Оливер, едни од попознатите програмери на 8-битни компјутерски игри од осумдесеттите и деведесеттите. Играта беше првенствено направена за NES конзолата, но сега е бесплатна за играње преку прелистувачот. Собирајте предмети со Дизи и решавајте загатки додека избегнувате најразлични препреки. Во случај да сакате да проверите уште неколку игри од овие ветераните од едно друго доба, проверете ја и Wonderland Dizzy (пронајдена во 2015) или Dreamworld Pogie (пронајдена годинава).

Reditum е игра креирана од три ученици. Како дел од училишен проект, Reditum е визуелно привлечна point and click игра со истражување каде вие сте чувар на едно од сонцата на планетата и како таков, ваша задача е да внесете светлина насекаде околу светот и да искусите од прва рака што сè се случува со околината и луѓето. Reditum е компатибилна со Windows, MacOs, Linux или Android оперативните системи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments