Проблемот со загадениот воздух во градовите во Македонија, во зимскиот период не е решен. Дури и во моментов загадувањето во вечерните часови во Скопје е високо. Поставените мерни станици помагаат да се направи груба проценка на загадувањето, но за поточни податоци едноставно, не се доволни.
Bloom е нов преносен сензор кој може да мери различни соединенија во воздухот. Уредот мери содржина на: јаглеводороди, ПМ-честички до 2.5, јаглерод моноксид, азот оксид, трихлороетилен, формалдехид, бензен, амонијак и ксилен. Уредот доаѓа во пар со апликација, која овозможува презентација на податоците од сите вакви уреди.
Bloom постојано го мери квалитетот на воздухот и кога ќе стане позагадено преку светлосен сигнал го известува корисникот. Почетните нагодување се во рамките на препорачаните вредности, но доколку има некој со почуствително здравје, пример астма, критериумите може да се направат и построги. Bloom нуди и совети за различни рути за возење кога на некоја улица загадувањето е превисоко или сообраќајот е прегуст. Уредот може да понуди и предлози кога ќе забележи дека загадувањето во домот е превисоко.
Познавањето на овие податоци секако е корисно, но можноста за креирање на мапи е најинтересната функција на Bloom. Ова би можело дури да се користи и од градските власти за пренасочување на сообраќајот дококу загадувањето во некој дел е превисоко. Дополнително, познавањето на овие податоци може значително да помогнат за пронаоѓање и на изворите на загадување.
Bloom само што започна со Kickstarter кампања. Уредот е достапен за 100 долари, а побаруваната сума е 35.000 долари.