2 херои доаѓаат за Dota 2 играчите

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

За време на настанот The International 7 посетителите беа пријатно изненадени од најавата на Valve дека набргу ќе пристигнат два нови хероја за Dota 2.

За акцентот на првиот херој, критичарите веднаш побрзаа да го идентификуваат како интересен хибрид од латино мачето Puss in the Boots и Зоро, но и подеднакво беа импресионирани од акробатските движења и борбени ставови. За вториот херој се алудира на вилата Sylph за која веќе се знаеше нешто од копањето низ мајското надополнување. Доколку ова произлезе дека е точно, вилата би поседувала способности како Flash Powder и Shadow Realm, иако од Valve не се откри ништо што е подалеку од прикажаниот трејлер.

И двата херои ќе пристигнат со закрпата Dueling Fates, но, за жал, ни тоа не се знае кога би можело да се случи. Како и да е, гејмерите се особено израдувани од веста, особено кога ќе се земе во предвид дека нови херои не се вдомени од играта уште од декемврискиот Monkey King, минатата година.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments