Следново делува како извадок од сценарио за филм или некоја FPS игра а не на реалноста во која тековно живееме: На крајот на 2019-та година додека целиот свет се подготвуваше за пречек на 2020 година речиси никој немаше слушнато за вирусот кој во следните две години ќе го промени светот. Во декември првите случаи на SARS-CoV-2 најпрво го затворија кинескиот град Вухан за набрзо да ја затворат целата провинција Хубеј. На 11 март 2020-ta Светската здравствена организација прогласи пандемија. Речиси истовремено државите целосно ги затворија границите, но го ограничија и движењето на граѓаните. Сите што можеа, престанаа да одат во канцеларии, и започнаа да работат од дома. Главна вест беше бројот на новозаразени пациенти, најпрво преку прес-конференциите и профилите на друштвените мрежи од министерството за здравство, а покасно благодарение на ентузијазмот на неколкумина започна и работата на Treker.mk.
Treker.mk е целосно волонтерска платформа која овозможува следење на состојбата со ковид-19. Платформата е клон на словенечката платформа sledilnik.org креирана од Лука Ренко и Владимир Нешковиќ. Проектот во Словенија го започна Ренко кој самиот започна да собира податоци на почетокот на епидемијата. Сега тимот во Словенија има помеѓу 20 и 45 волонтери.
Во Македонија проектот го започна Владими рНешковиќ, скопјанец, компјутерски инженер, кој од својата 19-та година живее во Љубљана и е дел од тимот на Sledilnik во Словенија. Македонската верзија на платформата, treker.mk која засега има 29 активни ентузијасти кои ја одржуваат. Одржувањето на Treker е краудсорс проект и сите учесници придонесуваат колку што можат. Во Македонија тимот е составен од научници, софтверски инженери, преведувачи, експерти за комуникација со јавност, дизајнери…
Трекер е проект со отворени податоци и извори кој собира, анализира и прикажува некои од најкорисните податоци, за да полесно се разбере ширењето на пандемијата на коронавирусот и болеста КОВИД-19, заедно со нејзината динамика и обем. Целта ни е да направиме јасни графички и статистички визуелизации/прикази во врска со тоа што ни го кажуваат тековните податоци и анализи за ширењето на вирусот во Северна Македонија и да се осигуриме дека информациите за големината и сериозноста на проблемот КОВИД-19 во Северна Македонија бидат достапни и разбирливи за сите.
Проектот е отворен и достапен на GitHub
За Treker се користат различни алатки од GitHub и Slack, до различна облак инфраструктура, и програмски и јазици за скриптирање. Најголем проблем на почетокот на развојот беше прибирањето и внесувањето на податоци, кои се внесувани рачно.
Проектот е со отворен код и е достапен на Github: https://github.com/treker-mk

Освен на веб-страницата тимот на Трекер податоците за ковид-19 пандемијата ги споделува и на Twitter https://twitter.com/Covid19TrekerMK и Facebook https://www.facebook.com/Covid19TrekerMK.
Како функционира?
Платформата визуелно прикажува неколку различни податоци кои се однесуваат на состојбата со епидемијата. Различните податоци се прикажуваат на неколку начини.
Основно и на почетокот на страницата е тековната состојба која ги опфаќа бројот на активни случаи; број на новозаразени на 100 илјади жители; број на хоспитализирани; број на вакцинирани и број на потврдени починати од ковид-19.

Графичка состојба на неколку параметри како број на тестови, број на вакцинирани, потврдени случаи, починати во определен временски период.

Графички приказ на различни параметри и нивен распоред по денови во неделата.

Графички приказ на раст на потврдени случаи во определен временски период и предвидување на состојбата во иднина.


Приказ на број на заразени по градови во Македонија.

„Heat“-карта на Европа

Дневен број на тестови во определен период….

Структура на потврдени случаи / однос на заразени здравствени работници

График на потврдени, оздравени, хоспитализирани случаи и распоред по болници…


Предвидувањата кои се прикажуваат на Treker се прикажуваат по два статистички модели SIR-модел и SEIR-модел. Врз база на овие модели понатаму се прават проценки за пандемијата и за некои поважни податоци, на пример репродуктивниот број по денови кој покажува дали пандемијата се шири или забавува. Овој број покажува колку новозаразени има на секој заразен.
Што собира и презентира Трекер?
Податоците кои ги прикажува Трекер се базирани на јавно достапни информации кои ги споделува Институтот за јавно здравje.

- број на изработени тестови и број на потврдени инфекции
- број на потврдени инфекции по категорија: возраст, пол, регион и општина
- болнички записи за пациентите со COVID-19: хоспитализирани, на единица за интензивно лекување (ЕИЛ), во критична состојба, отпишани од болница, опоравен
- мониторирање на засебни случаи, особено оние лица со ризични активности: здравствени работници, лица во старечки домови, цивилна заштита
- капацитет на здравствениот систем: број на кревети, број на единици за интензивно лекување, респиратори за вентилација…
Платформата е одличен пример за важноста на отворените и јавно достапни податоци кои на јавноста и овозможува да користи, обработуваат, презентираат податоци.
Најважното! Податоците се бесплатни и достапни како Gsheets, CSV или преку REST API
Податоците кои ги споделува Treker освен како визуелен приказ може да се преземат и како табела, .CSV фајл, или преку REST API. Ова ќе овозможи нивна понатамошна обработка и презентација. Споделувањето на податоците преку REST API ќе овозможи поголема флексибилност со податоците. Податоците се пошироко достапни што од друга страна ќе отвори можности за различна употреба, презентација и обработка.
- GDocs: https://tinyurl.com/treker-gdocs
- CSV:
- patients.csv
- hospitals.csv
- health_centers.csv
- retirement_homes.csv
- safety_measures.csv
- Slovarji:
- Rest API: