0 коментари 1 мин. читање

Трејлерот на Call of Duty: Black Ops 2 открива роботи и битка за иднината

Аctivision и Treyarch ја најавиja Call of Duty: Black Ops 2 со трејлер кој открива дека ова продолжение ќе се фокусира на војување во далечната иднина, поточно во 2025 година. Ова ќе биде сосема ново искуство бидејќи до сега Call of Duty франшизата се фокусираше на минатите светски војни и модерни војни, реални и измслени, но сместени во сегашноста.

Трејлерот на Black Ops 2 прикажува црвена петокрака, што значи дека ќе се води војна меѓу комунистите и капиталистите, но овојпат меѓу Кина и САД. Покрај роботи и футуристички хеликоптери и тенкови, во играта има и битка со коњи, која е налик на битка со возила, но сигурно многу поинтересна. IGN и други сајтови велат дека новина во играта е што во текот на кампањата играчот ќе треба да избере различни тактики што ќе го одредат крајот на приказната.

Играта ќе се појави во ноември 2012-та.

[youtube]U8VrzLHZISI[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top