Instagram продолжува да расне и покрај незадоволството oд некои корисници што Facebook го купи сервисот за 1 милијарди долари. Мислењето беше дека штом е дел од Facebook, тогаш Instаgram веќе не е кул. Но, тоа се глупости. Сега Instagram додава по 5 нови милиони корисници секоја недела и има околу 50 милиони корисници. Само пред три месеци, во јануари, сервисот имаше скромни 12 милиони корисници.
Околу 10 милион од корисниците дојдоа откако се објави Android верзијата на почетокот на април. Таа верзија беше симната над еден милион пати за само 24 часа по објавувањето. Но, поголемиот дел, т.е. 40 милиони се секако iPhone корисници.
Кога го купи сервисот, Facebook вети дека ќе го остави да функционира независно од мрежата. Можеби друштвената мрежа чека Instagram да привлече уште повеќе корисници пред да направи некоја посериозна имплементација.







