Transporter Sync е уред кој е своевиден домашен облак што овозможува зачувување на податоци од сите уреди на едно место. Sync треба да овозможи едноставно споделување на фајлови помеѓу сите паметни уреди кои ги поседуваат корисниците без дополнителна месечна претплата. Можеби поважно во време кога приватноста на корисниците е доведена во прашање, документите остануваат надвор од дофат на NSA и слични агенции, пишува Wired.
На Transporter може да се закачи било кој надворешен хард диск преку USB, а производителот има подготвено и уреди кои доаѓаат со 500 GB, 1 TB или 2 TB простор за корисниците. Фајловите на Transporter Sync се криптирани, а низ домашната мрежа се споделуваат преку peer-to-peer. Повеќе уреди можат меѓусебно да се синхронизираат и тоа на целиот диск или во одбрани фолдери.
Уредот се „закачува“ на вашиот рутер, на него се приклучува хард диск кој ќе може да го користите како облак за Mac, десктоп, телефон или таблет уред. Покрај ова уредот ги синхронизира документите помеќу сите уреди. Покрај Windows и OS-X поддржано се и Android и iOS уредитe. Transporter Sync е компатибилен со Mac OS X 10.7+, Windows 7 SP1 и Windows 8, иОС 5.1+ и Android 4.0+. Ќе биде достапен на 15 ноември, а во претпродажба чини 100 долари.