<Надополнето: 11.06.2013> Се чини дека информацијата дека PayPal ќе дојде во Косово и Македонија е неофицијална. Официјално финансискиот сервис ќе дојде во Македонија, , според изјавите на МИОА, но не се знае кога. Михаил Стевчев од македонскиот стартап TweetsPie кои се на Webit во Истанбул ги контактираше преставниците на PayPal, кои се исто на конференцијата, за да ја потврди информацијата на Digjitale. Турските преставници негираа дека тоа е официјална изјава од сервисот.
@ViksaaSkool @itcommk There is nothing official. Here we represent The Turkish Paypal. Serbia is closes to you. 1/2
— Mihail Stevchev (@pishija) November 6, 2013
@ViksaaSkool @itcommk You should ask there. I don’t know who told that information. 2/2
— Mihail Stevchev (@pishija) November 6, 2013
</надополнување>
Косовскиот ИТ блог Digjitale.com пишува дека PayPal ќе дојде во Косово и Mакедонија во некој период од 2014-та година. Оваа информација доаѓа од неименувани извори од PayPal кои се на Webit Congress 2013 што во моментов се оддржува во Истанбул.
Го контактиравме македонското Министерство за информатичко општество и администрација кои не можеа да ја потврдат информацијата на блогот, иако го повторија долгогодишниот став дека одлуката за доаѓање во земјата, која е подготвена за сервисот, е само на PayPal, и дека се очекува наскоро. PayPal од април е достапен и во Србија, како и во соседните Бугарија, Албанија и Хрватска.
Преставниците за продажба во турскиот пазар на PayPal за Челик Нимани, уредникот на Digjitale, велат дека причината зошто сервисот не е во овие земји се недоволните ресурси кои се трошеле на поголемите пазари во Турција, Русија и другите земји. Но, се чини дека преставниците не се сигурни дека одлуката да се доведе сервисот во Косово и Македонија е официјална одлука, туку „е ставена на масaта за 2014-та“. Можна причина за одоговлекување на PayPal е и малата е-трговија во Македонија, како што неодамна изјави ИТ министерот Иво Ивановски.
Коментари
14 коментари
Коментарите се затворени.