Трансексуалец го сруши Twitter рекордот на Обама

Кетлин Џенер, или претходно познат како Брус Џенер од реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“, по промена на полот успеа да постави нов рекор по собирање најмногу следбеници на Twitter профил во најкраток рок.

Кетлин Џенер и официјално е најбрзиот профил кој стигнал до милион следбеници на Twitter за само 4 часа и 3 минути, надминувајќи го рекордот на претседателот на САД, Барак Обама, кој дојде до милион следбеници за 4 часа 30 минути.

Можеби вистинската приказна тука е како поранешниот олимиски атлет, кој благорение на реално шоу постана телевизиска ѕвезда, успеа да собере повеќе следбеници од претседателот на САД? Прашање е дали се работи за вистински фанови на ТВ звездата и очувот на Кардашијанс, или интернет повеќе сака луѓе чии избор е да заработат благодарение на нивното откажување од приватноста? Во секој случај, трансексуалноста е се уште табу тема дури и во прогресивното американско општество, и одлуката на г-ѓа. Џенер предизвика огромна дискусија, дел се критики, дел се пофалби и охрабрувања; но добар дел од коментарите беа за сексапилот на г-ѓа. Џенер.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk