Steam сега ќе ви врати пари за игрите што не ви се допаѓаат

Steam ја најави долго очекуваната функционaлност на својата платформа – враќање на пари од игри кои не ви се допаѓаат или не можете да ги играте. Од компанијата нема да прашаат зошто сакате да ја вратите играта, а може да си ги побарате парите назад за било што, што сте купиле од Steam. Игрите може да ги враќате поради било која причина, од неподдржување на минималните спецификации, до здодевност на играта. Дополнително може да побарате да ви бидат вратени пари со кои сте купиле средства во Steam Wallet.

Ограничувања сепак постојат, игрите мора да бидат вратени во период од 14 дена од купувањето, и времето кое сте го поминале во играње мора да биде покусо од два часа. Дополнително за игрите кои доаѓаат со DLC или експанзија која доаѓа од треhttps://www.flickr.com/photos/jc1701/18344672936/ти студија, Steam и објективно нема да може да ги врати парите на купувачите.

„Враќањето на пари го правиме за да го намалиме ризикот при купување наслови на Steam – не како моженост да добиете бесплатни игри. Доколку се посомневаме дека ја злоупотребувате можноста за повраток на пари, може да ви ја прекинеме услугата. Купувањето на игра неколку дена пред да биде на распродажба, потоа барање да ја вратитие и потоа веднаш купување на истата игра нема да го сметаме како злоупотреба“, велат од Steam.

За барање на враќање на парите корисниците треба да се обратат до грижата за корисници на help.steampowered.com.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments