Професорите кои во своите предавања користат традиционални методи може да бидат заменети со видео, вели професорот Рет Алан за Wired .
Најголемата промена и напредок во образованието доаѓа од интернетот. Ако некогаш беше тешко, па и невозможно да се пронајдат некои од предавањата, благодарение на интернетот, достапно е речиси сè што ни е потребно. Токму интернет видеата овозможуваат замена на професорот кој предава традиционално.
Дали има причина да следите било која лекција ако може да го следите на видео најдоброто предавање? Секако дека не. Дополнително, најголемиот дел од студентите најдобро учат не со гледање и слушање, туку со правење. Токму ова е причината поради која образовниот систем треба да се промени.
Учениците мора да вклучени и ангажирани во предавањата. Ова може да се постигне со подготвеност на студентите надвор од часот. Можеби со читање на учебниците и упатствата надвор од предавањата, истите можат да се користат за презентации и вежби, поинаков, позабавен начин за презентирање на истиот материјал. Секако проблем ќе биде да се убедат помладите да го прават ова, но придобивките може да бидат огромни. Можноста за дискусија околу проблеми и оставање на студентите сами да дојдат до решението е уште едно можните подобрувања.
„Ова се само примери од некои работи кои ги користев. Можеби имате други. Поентата не е да користите некои од овие примери, туку да одите чекор понатаму од традиционалните лекции со креирање на средина во која студентите ќе учествуваат во предавањата. Можеби ќе биде потешко, но тогаш правете помали промени, една по една. Но правете нешто, бидејќи професорите кои ќе продолжат да предаваат како досега ќе бидат заменети со видео“, вели г. Алан.
Секако најнов додаток може да биде виртуелната реалност и симулациите во виртуелната реалност.