Иднината на војувањето е во сајбер просторот. Поради оваа причина министерството за одбрана на САД започна на големо да регрутира „сајбер оператори“. Недостатокот на кадар ги примора да ги регрутираат и без класична обука.
Задолжен за US Cyber Command е адмиралот Мајкл Роџерс. Истовремено тој е директор на Националната агенција за безбедност. Г. Роџерс е убеден дека армијата ќе успее да ги пополни сите потребни позиции до крајот на 2018 година. Ова е според првичниот план, кој предвидуваше пополнување на командата.
Најголеми промени се чини дека ќе дојдат во регрутирањето. Властите во САД имаат напредна програма за обука на сајбер војниците, сепак и самите признаваат дека најдобрите кандидати често ја немаат најдобрата обука. Но, сепак имаат поголемо познавање и работа во полето.
Овие луѓе со искуство не се пријавуваат во регрутните центри, но Министерството за одбрана сака да ги привлече токму овие кадри. Поради ова подготвени се за да ги привлечат со повисоки чинови и плати. Желбата за регрутирање на талентирани кадри во овој сектор оди дотаму што дури и едниниците кои се најригорозни кога обуката е во прашање, подготвени се да ја прескокнат за сајбер експертите, јави ArsTechninca.