Touhou Spell Carnival нуди комбинација од RPG, стратегија и bullet-hell механики

во гејминг

Touhou Spell Carnival e невообичаен спој помеѓу стратегија и RPG игра, неодамна излезена само за PlayStation и Nintendo Switch. Развојното студио Sting, во соработка со издавачите Idea Factory исфрла уникатен наслов во кој се вметнати и интересни bullet-hell механики. Сево ова, уредно спакувано во впечатлива приказна и прекрасна музичка подлога.


Touhou Spell Carnival почнува на спектакуларен начин и се труди да го држи вашето неподелено внимание низ целата игра. Приказната се одвива на еден изолиран остров кој е заеднички дом и за луѓето и за јукај. Мистериозни столбови го означуваат почетокот на Spell карневалот, барајќи од вас да се натпреварувате преку користење најразлични магични карти.

Набргу, ќе навлезете во уникатниот борбен систем каде вашите единици се поставени на мрежасто бојно поле. Ваша задача е ем да ги напаѓате непријателските единици ем констатно да ги движите вашите, за да се избегнуваат непријателските проектили. Потешко е отколку што звучи, верувајте, особено на почетокот на играта каде треба да учите како да ги контролирате единиците, како правилно да ги движите низ полињата и како да ослободувате моќни способности.

Паралелно со ова, потребно е да знаете како да ги експлоатирате нивните слабости, стратешки да се позиционирате и да знаете како да користите атрибути и предмети на бојното поле. Сѐ се прекрасно вклопува, но со текот на времето. Touhou Spell Carnival е игра која бара и да сте трпеливи. Доколку ѝ пружите шанса, битките стануваат значително попредизвикувачки, тестирајќи ги вашите способности до максимум!

Независно кого водите за време на битките, сите ваши единици подеднакво добиваат искуствени поени. На овој начин, не сте врзани да играте само со едни единици туку можете без проблем да експериментирате на бојните полиња, без страв дека одбирате послаби членови. Помеѓу битките, ќе можете да ги раздлабочувате односите помеѓу ликовите преку значајни разговори. Сите овие работи ги правите во хабот – мало, но релаксирачко место кое е како отскочна штица за сите можни активности.

Во Touhou Spell Carnival нема да бидете разочарани ни во поглед на впечатливата графика и анимации. Светот е прекрасно и внимателно осмислен, нудејќи ви бројни можности за комплексна интеракции во и надвор од битките. Невообичаената комбинација на RPG, стратешки и bullet-hell механики допринесува до уникатно искуство кое е ретко видено во некоја друга игра. Штета што играта моментно не се нуди и на PC гејмерите.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Sting
  • Издава: Idea Factory International
  • Жанр: RPG стратегија
  • Платформа: PS, Switch
  • Излезе на: 19 ноември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments