Linker: Нова платформа за студентска работа во Македонија

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести, ИТ.МК

Photo credits: USS-UKIM

Комбинацијата на младост и решителност е одлика на студентите, кои што отсекогаш важеле за мотор на промените во општеството. Низ историјата, студентските идеи и движења многу често биле причина за да случат големи промени.

Во 1939 година чехословачките студенти пркосно застанаа на протест против нацистите. На 17-ти ноември истата година, 20 чехословачки студенти беа убиени од страна на нацистите поради протестите против окупацијата. Токму овој ден се одбележува како симбол на борбата за демократско образование и промени кон подобро општество.

По овој повод, Универзитетското студентско собрание при УКИМ одржа повеќе настани. Главниот настан се одржа на 18-ти ноември во Лабораториум. Меѓу другото, на овој настан беше претставена и новата платформа за студентска работа Linker.

Тимот на IT.mk имаше шанса да поразговара со групата на студенти која стои позади Linker. Во продолжение деталите за оваа нова платформа наменета за студентите.

Photo credits: USS-UKIM

Што е Linker и кој стои позади оваа платформа?

Linker е дигитална платформа за поставување огласи за работа. Позади Linker стоиме околу 8-мина студенти од различни факултети.

Воглавно целната група на оваа платформа ни се студентите и младите, а со цел да има соодветни огласи, ќе се фокусираме што е можно парт-тајм работа да нудиме, како и пракси за студентите. Но, не се ограничуваме само на овие целни групи, отворени сме за огласи од било која фирма или било кој тип.

Од каде идејата за креирање на една ваква платформа?

Главната идеја дојде од моментот што има повеќе платформи за наоѓање работа, но обично се со малку огласи или бараат долго работно време и искуство за работа што не е практично за време на студирање или генерално на младите луѓе, односно живееме во многу подинамично време. Истовремено сме виделе многу огласи кои имаат потреба веднаш да најдат некој млад работник за неколку дена, или со скратено работно време. Истите биле залепени со испринтани листови и не знаеле каде да ги постават истите.

Кога започнавте со креирањето на Linker и кои предизвици би ги издвоиле низ
процесот?

Со Linker започнавме пред само 2 месеци и засега не би издвоиле некои предизвици. Можеби со тек на време ќе се сретнеме со истите, но веруваме дека би ги надминале се додека се има желба за успех!

Дали Linker е веќе во функција?

Linker моментално е во првична демо верзија и треба дополнително да се развие веб страницата и потоа да се поврзе со дискордот, со што би се намалила потребата за човечки ресурс на најниско. До тогаш огласите ќе бидат поставувани на дискорд серверот.

Кои се вашите планови за во иднина?

Плановите за во иднина ни се освен веб страната, можеби да се развие и мобилна апликација, а секако и да внесеме што е можно понуди па можеби и на регионално ниво да го продолжиме Linker.

Доколку сте студент или пак работодавец кој што сака да почне со користење или следење на новостите околу Linker, ова се каналите преку кои можете да го сторите тоа: Веб-страна, Discord, LinkedIn, Instagram, Facebook

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments