Застражувачкото сознание дека целиот интернет сообраќај е надгледуван од NSA и другите разузнавачки агенции, не принудува уште еднаш да размислиме како се справуваме со нашите приватни податоци на интернет. Можеби заштитата на нашата приватна активност лежи во алатките за онлајн анонимност како Tor, вели експертот за безбедност, Џејсон Гефнер, кој претстави надоградена верзија на анонимниот прелистувач на хакерската конференција Black Hat во Лас Вегас.
Најдобриот начин да останете анонимни на интернет е да ја сокриете вашата IP адреса. Доколку некој ја знае вашата IP адреса, ќе му биде полесно да ја следи вашита онлајн активност и лесно да ја пронајде локацијата од која пристапувате на интернет. За сокривање на IP-то се користи прелистувачот Tor, кој е всушност мрежа од виртуелни анонимни тунели кои им овозможуваат на корисниците да ја подобрат својата приватност и безбедност на интернет. Овој прелистувач е доста популарен помеѓу борците за човекови права, дисидентите, криминалците и терористите, но и меѓу обичните интернет корисници кои сакаат да ја зачуват својата анонимност.
Но, Tor во моменов не е совршен, па г. Гефнер претстави алатка со име Tortilla која решава два проблеми во Tor – првиот проблем е врзан со Firefox кој има куп ранливости преку кои можат да му наштетат на Tor, и го решава SOCKS проблемот со серверите, односно овозможува побезбедно пренесување на податоци преку firewall.
Tortilla се стартува пред или после стартувањето на сервисите на Tor, и транспарентно го пренасочува целиот TCP/IP и DNS сообраќај преку мрежата на Tor. Tortilla, исто така, има поддршка за Flash и други додатоци, а нема потреба од дополнителен хардвер или виртуелни машини. Tortilla можете да ја преземете од http://www.crowdstrike.com/community-tools/.







