0 коментари 1 мин. читање

Апликација на денот: Floating Toucher за побрз пристап до вашите омилени апликации

Поставувањето на вашите омилени апликации на Android не е некоја комплицирана работа, но сeпак бара труд и креативност доколку не сакате почетниот екран на вашиот телефон да наликува на вашиот десктоп. Floating Toucher е апликација со која може да бидете покреативни, и да добиете интуитивна контрола врз апликациите кои најчесто ги користите.

Стандардно, питата се состои од 5 апликации, но откако ќе се притисне врз средишниот круг, питата се проширува на девет, од кои само 5 може да се менуваат, а останатите 4 се за контрола, односно копчиња за заклучување на вашиот уред, брз пристап до Wi-Fi, Bluetooth, пристап до почетниот екран и копче за чистење на меморијата. Дополнително, апликацијата нуди промена на бојата на позадината, и промена на големината и изгледот на копчето во средина.

Floating Toucher е бесплатна апликација и можете да ја преземете од Google Play.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=HWjjPh2cWfM[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top