Final Vendetta e солиден духовен наследник на Final Fight

Доколку сте фанови на флиперските игри од осумдесетите и деведесетите години на минатиот век, тогаш сигурно ја знаете Final Fight – фантастичната beat em up игра на Capcom, од 1989 година. Од сите можни аспекти, Final Vendetta е веродостоен духовен наследник кој слепо се придружува до урнекот од пред 30 години. Како резултат, добивате брза, хардкор боречка игра во која може да навлезете сами или со уште еден пријател.

Final Vendetta бележи две години од нејзиното излегување на Steam

Аркадно лудило

Карактеристично за вакви beat em up флиперски игри, приказната е фрлена во втор план и целта е да се понуди брза, адреналинска акција. Играјќи со еден од три ликови, ќе биде потребно да поминете низ шест детално разработени стази, да се соочите со бројни непријатели и босови и конечно да ставите крај на озлогласената Syndic8 банда.

Секој од трите ликови има уникатни движења, напади и комбо можности, со што топло се препорачива преигрувањето на кратката кампања со некој од другите два ликови. Кога не се борите низ улиците на Лондон, ќе можете да работите некоја од култните мини игри, како кршење автомобил за што е можно побрзо време.

Како што напоменавме, Final Vendetta никако не е иновативна игра и нема ништо ново да најдете во неа. Развојното студио Bitmap Bureau целосно се придружува до формулата која беше зацртана со Final Fight и ви ги нуди истите гејмлеј механики поврзани со трчање, борење, правење комбо движења и јадење најразлична храна. Секој од ликовите има десетици уникатни движења и комбо потези.

Покрај графиката, многу носталгични гејмери се посебно импресионирани и од музичката подлога која мајсторски комбинира техно и edm звуци. За пофалба се и трите различни нивоа на тежина, како и четирите модови. Еден од модовите неуморно ќе „фрла“ непријатели за да види до кога ќе можете да издржите, а друг мод ќе ве остави да се соочувате само со босови.

Во случај да сакате едноставни игри кои се замислени да ве забават во мали дози така што ќе ве потопат во златното доба на флиперските игри, Final Vendetta е наслов кој топло го препорачуваме. Иако нема да најдете ништо ново, тоа никако не значи дека играта не е добра и дека не крие брутален предизвик.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Bitmap Bureau
  • ИздаваNumskull Games
  • Жанр: боречка аркадна игра
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 17 јуни 2022

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments