Titanfall 2 е бесплатен за пробно мрежно препукување

во гејминг

Titanfall 2 се наметна како одлично решение за вртоглава мрежна акција. Во случај да не сте сигурни дали таквото нешто е за вас, издавачите EA најавија бесплатен пробен период за играта кој, во зависност од гејмерскиот статус ќе има различни датуми за започнување. Имено, од 30 ноември сите претплатници за ЕА Access (месечна претплата преку Origin клиентот), започнаа со пробниот период, а сите останати ќе можат да започнат од 2 декември.

Ваквата пробна верзија на Titanfall 2 се испорачува со никакви ограничување во поглед на мрежните пресметки и се одликува со апсолутно сите мапи, режими на играње и оружја. Се што ќе „спечалите“ за време на пробниот период автоматски ќе биде префрлено во моментот кога и ако се одлучите да ја купите играта. Не се знае колку или до кога би траело ваквото тестирање на играта, но тоа никако не значи дека треба да се лишите од бесплатна и крајно експлозивна FPS акција.

Интересно е што ваквото нешто се поклопува со излегувањето на првото бесплатно DLC за Titanfall 2. Насловено како Angel City’s Most Wanted, додатокот ќе ви дозволи да ги проверите вештините на една од најпопуларните мапи од оригиналната игра – Angel City.

Angel City’s Most Wanted со себе носи и бура од нови китови за титани, платежни пакети од естетска вредност, како и бројни додатоци и исправки во системот.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments