Kitch’T – Српска кујна на светски начин

Image Courtesy of Dsignedby

Независно дали сте софтверски инженер, страстен гејмер или сајбер криминалец едно е сигурно, кога ќе надвладее гладот сите бараат спас во кујната. Но, што доколку сакате модерна, „технолошко-поткована“ и исклучително практична кујна? Српската компанија Dsignedby мора да се запрашале токму ова, затоа што нивната Kitch’T кујна се стреми да ги задоволи сите кулинарски аспирации без да ве ограничува во слободата на просторот.

slika-1

Image Courtesy of Dsignedby

Kitch’T се одликува со паметно осмислен дизајн кој крие сè што би можело да ви притреба за приготвување оброк. Во внатрешноста на кујната се наоѓаат сите уреди, не исклучувајќи и мини фрижидер, а лесно осмислените приклучоци ви дозволуваат ефикасно овозможување вода и електрична енергија. На површината од кујната имате и телефонски полнач заедно со серија од корисни електрични приклучоци и USB портови. Најдоброто во сево ова е тоа што Kitch’T оди онаму каде што вие сакате.

„Како се-во-едно решение, Kitch’T лесно се пренесува од соба до соба или од стан до стан, а и лесно се прилагодува на вашите потреби“, објаснуваат од Dsignedby. „Со оглед на тоа дека се е под површинската плотна, се елиминира потребата за висечки простор.

slika-2

Image Courtesy of Dsignedby

Бидејќи Kitch’T е замислена и како центар за социјално дружење, уредот за готвење и чешмата се поставени на една страна и на начин на кој нема да се загрозува целокупниот простор. „На младите луѓе често им недостига простор и сакавме да дизајнираме нешто што ќе биде не само функционална област туку и место за дружење со пријателите“.

slika-3

Kitch’T кујната беше прикажана на неодамнешниот Белградски саем на мебел и успеја да го привлече вниманието на посетителите, како и на светските медиуми.

Компанијата Dsignedby е формирана во Белград, 2008 година од сестрите Ирена и Ива Килибарда и до ден-денес имаат осмислено интересни решенија за вашиот дом.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments