1 коментар 2 мин. читање 31 август, 2011

Time.mk сега агрегира и настани

Time.mk Настани е нов сервис на агрегаторот за вести преку кој ќе може да најдете се што се случува во .Мк, од концерти и кина, до прес конференции и предавања.

Тоа што е новина до сега кај Time.mk е што наместо сервисот да ги наоѓа настаните, како што ги агрегира вестите, сега самите организатори можат да ги додадат. Откако се додадени, настаните можат да се пребаруваат по датум, но и по профили и локација, пример да видите што се случува во неколкуте кафулиња кои ви се допаѓаат. Сега за сега нема пребарување по локации, но ќе има категоризација на локалите и на другите места.

„Една од главните идеи и верувања на TIME.mk е дека „под повеќе информации се подразбира поголем избор, поголема слобода и во крајна линија поголема моќ“ , вели основачот на Time.mk, Игор Трајковски.

„Идејата за TIME.mk Настани се појави како логичен, последователен, чекор по успешното 3 годишно организирање на дневните вести. Настаните прикажани на Time.mk Настани ги внесуваат самите организатори на настаните, а не нашите администратори или анонимни читатели, слично како што вестите на Time.mk се креирани од медиумите кои ги агрегираме.“

Наскоро се очекува да се имплементираат и коментари и сугестии, како и подобар дизајн.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top