0 коментари 1 мин. читање

Time Inc. ja престави иднината на магазините

{mosimage} Најголемиот американски издавач на магазини Time Inc. објави видео во кое ја објаснува идејата за идните магазини на таблет компјутерите. Интересно иако таблет компјутерите се уште се нов концепт, сепак Time Inc. очигледно верува дека тие ќе помогнат во модернизирање на магазините.

Погледнете го демото за Sport Illustrated.

Како што може да се види од демот, магазините на таблет компјутерите ќе добијат комплетна нова димензија, односно покрај текст и слики, ќе има и звук и видео. Исто така самиот магазин преку интернет ќе биде поврзан со архивата и друга содржини, а има и можности да се сподели на друштвените мрежи.

Сето тоа, целото интернет искуство, ќе биде спакувано во еден магизин. Тоа што е важно е што да се направи дигиталниот магазин чини исто како и печатењето на хартиениот, вели уредникот на Sport Illustrated, Тери Мекдонел во видеото на TechCrunch. Импресивно. Иднината само што им се насмевна на магазините.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top