{mosimage} Во Македонија има 20 пријави од корисници кои купиле нелиценциран софтвер, вели Microsoft објавувајќи извештај за „Денот на акција посветен на корисниците“, ден кој е наменет за истакнување на едукативна иницијатива и локални активности кои се превземаат за заштита на корисниците и за борба против пиратскиот софтвер. Според Microsoft, корисниците кои биле измамени и користеле нелиценциран софтвер се соочиле со вируси и друг вид на злонамерен софтвер, изгубено верме и пари во отстранување на истите, а во некои случаи дури се соочиле и со губење на идентитетот.
„Она што Мајкрософт го прави за намалување на процентот на пиратерија е содржано во три сегменти: едукација на крајни корисници, употреба на технологии со повисок степен на заштита и секако помош на релевантни институции за спроведување на законот за авторски и сродни права. На интернет страната
www.howtotell.com корисниците можат да погледнат што содржи еден пакет на оригинален софтвер и како да го препознаат при купување на компјутер.“ вели Илијанчо Гаговски, директорот на Microsoft Mакедонија.
Интересно, г-дин. Гаговски вели „едукација на корисниците“ и им нуди сајт кој е на англиски. Зарем тие што не знаат англиски не купуваат Microsoft производи?
Според Microsoft Македонија ова „Упатство при купување на софтвер“ е доволно да ги едуцира македонските потрошувачи.
Истиот текст е објавен и на страната на Oрганизацијата на потрошувачи на Makedonija, но opm.org.mk не се отвара со Mozilla ниту Chrome прелистувачите! (epic fail за организација која го штити изборот на потрошувачите)
{mosimage}
Во секој случај, треба да му се даде подршка на Microsoft во борбата против пиратеријата и заштитата на корисниците. Не би сакал да дадам пари за компјутер, а потоа да утврдам дека ми продале пиратски софтвер за кој нема техничка подршка.
„Во изминатите неколку месеци со помош на БСА (Бизнис софтвер алијансата) имаме воспоставено блиска соработака и со владиното Координативно тело за заштита на интелектуална сопственост кое е задолжено за координација на сите институции кои се задолжени за спроведување на овој закон. Последните две години гледаме значајно зголемена активност на Координативното тело, што е многу позитивен знак за придвижување на работите во оваа област.“ вели г-дин. Гаговски.
Сепак и покрај напорот Microsoft вели дека…
„Веќе можат да се најдат пиратски верзии на Windows 7 на некои македонски интернет портали, и веќе сме во комуникација со Секторот за компјутерски криминал во МВР
за отстранување на овие поеднинечни случаи.“
Неколку совети од Microsoft да проверите дали вашиот софтвер е лицeнциран.
- Информирајте се преку сајтот howtotell.com и „Упатство при купување на софтвер“
- Проверете преку онлајн алатките за валиднист http://www.microsoft.com/genuine/
- Проверете дали има залепена COA налепница која е сертификат за автентичност и доколку купуваат пакет производ (FPP) дали во пакетот кој им го продаваат е вклучено холограмско ДВД.
- Направете список
на софтверот кој е инсталиран и побарајте доказ дека е набавен легално. Доколку откриете дека софтверот не е правилно лиценциран, обратете се на еден од Microsoft партнерите кои можат да ви помогнат да го легализирате својот софтвер. Листата на сите Microsoft партнери можте да ја најдете на www.microsoft.com.mk/partneri






