{mosimage} Дневно над 26 милиони корисници играат FarmVille. Месечно скоро 70 милиони корисници на Facebook ја користат апликацијата која симулара живот на фарма. Oва игра е поголема и од
Twitter, сервисот за микро-блогирање, за кој иако нема официјални бројки, сепак се проценува дека
има околу 50 милиони корисници месечно.
Статистиката на Facebook покажува дека огромен дел од 350 милиони корисници на мрежата се „casual“ гејмери, топ 20 посетени апликации се игри, што го демонстрира бизнис потенцијалот на
Facebook апликаците за забава и виртуелните добра .
„Апликациите се огромен дел од Facebook. Има над 90.000 апликации на Facebook“ вели Тревор Џонсон, главниот за стратегијата на Facebook за TechRadar.
А колку се популарни? Погледнете ги бројките на посети на топ 20 Facebook апликации.
{mosimage}






