Шпекулациите за нови продукти ги предомислија потенцијалните купувачи да купат наш продукт, обвинува директорот на Apple, Tим Кук на прес конференција на која компанијата од Купертино го објави финансискиот извештај за четвртиот квартал.
Apple во последниот квартал направи профит од 8,22 милијарди долари, што е помалку од очекуваниот 8,3 милијарди долари. Профитот доаѓа од продадени 26,9 милиони iPhone уреди, 58 отсто пораст од истиот период лани, 14 милиони продадени iPad-и (26 отсто пораст), 4,9 милиони продадени Mac компјутери (1 oтсто пораст), и 5,3 милиони продадени iPod уреди (19 отсто пад). Вкупните приходи изнесуваат 36 милијарди долари.
Но, иако бројот на продадени уреди и профитот се импресивни, сепак тие се под очекувањата на инвеститорите. За да ја оправда ситуацијата г. Кук ги обвини шпекулациите за уредите.
„Јасно е дека потрошувачите го одложија купувањето на таблет компјутери поради шпекулации за нови уреди, кои станаа поинтензивни во август и септември.“
Сепак, Apple претстави се што имаше за претставување – iPhone 5, нова генерација iPod, iPad Mini и iPad 4, нови 13-инчни Macbook Pro со Retina дисплеј, и знаејќи дека наскоро се ближат божиќни празници без шпекулации, Apple може да биде оптимист дека ќе покаже подобри финансиски резултати, секако, доколку биде подобар од конкуренцијата предводена од нови Windows 8 уреди.









