Европската комисија го намали бројот на прекршоци за кои е обвинет Apple

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Оваа недела Брисел објави дека нема да се фокусира на обвинувањето дека Apple ги принудува развивачите на апликации да го користат нивното плаќање во апликациите. Сепак ова не е сосем добра вест за американската компанија. Комисијата за заштита на конкуренцијата, ќе се фокусира на начините на кои Apple ги ограничува девелоперите да ги известат корисниците за алтернативни начини за плаќање или претплата.

Истрагата и обвинувањата на Комисијата се однесуваат на музичката индустрија и апликации. Веќе има слична истрага за начините на кои корисниците можат да се претплатат на апликации за читање на е-книги. Доколку компанијата е виновна веројатно ќе следат слични истраги за други сектори.

Оригинално обвиненијата против Apple беа поделени во две точки: наметнување на сопствена технологија за плаќање во апликациите; и ограничување на способноста на развивачите на апликации да ги информираат корисниците на iPhone и iPad за алтернативни услуги за претплата на музика.

Ставот на комисијата е дека Apple го прекршува Членот 102 од Договорот за функционирање во Европската унија.

Spotify со години поднесува жалби до законодавците во Европа, но и во САД, за политиките во App Store. Во 2019 година поднесоа жалба во Европа поради провизијата од 30% која App Store ја зема од претплатата. Истовремено Spotify не можел во апликацијата да ги извести своите корисници дека постои поевтина алтернатива за претплатата.

Дополнителен, но сериозен проблем за Spotify е што Apple има конкурентен сервис во Apple Music. Висината на претплатата на двата сервиси е слична. Поради 30% провизија од претплатите кои ги зема за App Store сервисите не може да бидат конкурентни.

Spotify веројатно нема да биде среќен поради намалувањето на обемот на истрагата. Сепак Европската комисија има отворена истрага во која истражува дали компанијата ги блокира конкурентните платежни сервиси до пристап на Apple Pay. Дополнително со стапувањето на сила на „Digital Markets Act“ во мај, двете пракси на Apple стануваат незаконски. Максималната казна која може да ја добие Apple за непочитување на законот е 10% од глобалниот промет на компанијата, вели Reuters.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Senior Software Automation Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

Data Masters

Data Engineer

види ги сите огласи на kariera.it.mk