Tи треба друштво да ги споделиш трошоците? Можеби ќе ти помогне Cimer.mk

во ИТ.МК

Август и септември се можеби најстресните месеци за дел од студентите кои покрај испитите мора да најдат сместување во друг град, но и цимер со кој ќе ги поделат трошоците. Иако изборот на цимер не е едноставен процес, сепак токму ова е идејата на тимот од BMG Universe кои се креатори на Cimeri.mk. Овој сервис треба да го олесни ова за студентите, иако сервисот функционира подеднакво добро за сите кои бараат цимер. На Cimeri.mk може да огласите или да побарате цимери за било кој град во Македонија.

Во моментов Cimeri.com е на самиот почеток, па бројот на понуди е навистина минимален. Сервисот доаѓа со Google Maps интеграција, па корисниците можат едноставно да го пронајдат станот. Благодарение на филтрите, пребарувањето е едноставно, а внесени се куп филти од интернет до часовник. Овозможено е и споделување на фотографии, па корисниците можат да го намалат бројот на станови/цимери кои сакаат да ги посетат.

Како и останатите слични сервиси, успехот на Cimeri.mk пред се ќе зависи од прифаќањето на корисниците, но и од идните надградби со кои сервисот би можел да добие поголема функционалност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Јовче
Јовче
10 years ago

Солидна идеја, ама квалитетот на изработка и не е баш за фалење. Штета за идејата со ваква изведба.